Skip to content Skip to footer

Подлоги за изолација – Какви типови постојат и како да ја одберете најдобрата за вашиот под?

Пред поставување на подот, имајте на ум дека е особено важно внимателно да го одберете типот на изолација која ќе ја поставите со цел да го добиете најдоброто решение. 

Со соодветно одбрана подлога на која ќе го поставите вашиот под, не само што ќе го добиете максималниот квалитет на подот, туку и ќе му обезбедите одлични услови за да постигнете поголема издржливост и трајност. 

Подлогите за изолација најпрво имаат за цел да обезбедат поголема топлинска, звучна како и хидроизолација во просториите каде се поставува новиот под. Покрај тоа, изборот на соодветна подлога е многу важен за да се намали ризикот од крцкање на подот, а исто така и нивото на бучава во просторијата. 

Кога одбирате подлога за изолација за вашиот под, имајте во предвид дека таа треба да исполнува две основни функции: 1) да ја зголемува издржливоста на подот; и 2) да ја подобрува удобноста при употреба на подот. 

Обрнете внимание подлогата да биде изработена од квалитетни материјали,  да обезбедува топлинска и звучна изолација, а во истовреме да овозможува циркулација на воздухот и да има интегрирана бариера за влага. Подлогата треба да биде отпорна на компресија, да има одлични својства за амортизација, да го намалува преносот на звук во просторијата, како и да е отпорна на создавање вдлабнатини од статичко оптоварување.

Ви претставуваме неколку видови на подлоги и нивните главни карактеристики:

  • Полиетиленска пена

Подлогата од полиетиленска пена има одлична отпорност, и е особено погодна за хидроизолација. Покрај тоа, ПЕ пената бара помалку суровина и има одлични својства за амортизација. Содржи природни материјали, безбедна е и еколошка. Оваа подлога е лесна и флексибилна, а нејзината структурата допринесува за отстранување на дополнителното оптеретување на клик-системот на спојување на паркетните и ламинатните даски, со што е оптимално решение за лебдечки поставените подови. 

Обезбедува исклучително намалување на звукот од удар и бучавата во просторијата, а погодна е за поставување под сите типови на подови, како и компатибилна со системи за подно греење. 

  • Вентилациона изолација

Специјалната вентилациона изолација најчесто се поставува за слободна циркулација на воздухот под подовите. Оваа подлога е доста популарна поради нејзините одлични карактеристики – таа би спречила евентуално “задушување” на постоечкиот под и негова деформација со што би дошло до оштетувања и на ново-поставениот под. Oвој вид на изолација е погодна е за моделирање на нерамнините на подот, а особено е прифатлива при поставување на лебдечки подлоги врз подно греење и ладење.

  • Термо-звучна изолација XPS

Универзална подлога која е можеби најприфатено оптимално решение за изолација кога станува збор за било кој тип на под. Овој тип на изолација е изработена од екструдиран полистирен (XPS) со систем на жлебови и е идеално решение за оние кои бараат поголема топлинска, звучна и хидроизолација при поставување на ламинатни подови и трослојни паркети. Покрај овие својства, оваа изолација има висока отпорност на тежина, ја намалува бучавата при одење по подот во просторијата, овозможува одлична адхезија на подлогата и подобра циркулација на воздухот. Овој тип на подлога е достапна во повеќе различни дебелини, а најчесто користени се оние со дебелина од 3mm или 5mm. Која димензија е идеална за вашиот тип на под зависи од повеќе фактори, односно кое ниво на изолација е потребна за вашиот простор. 

Да сумираме, изборот на соодветна подлога за вашиот под зависи од следните фактори: намена на просторијата, тип на под, услови, климатска стабилност итн. Лав Комерц располага со повеќе различни типови на подлоги за изолација, погодни за различни намени и подови. Доколку не сте сигурни, или се сомневате во тоа кој е најдобриот избор, нашите искусни професионалци ќе ви помогнат да го изберете најдоброто решение за вашиот тип на под, со што ќе го добиете максималниот квалитет и издржливост на подот.

Leave a comment

Go to Top