Skip to content Skip to footer

Како да го одржувате вашиот паркет?

Трослојните паркети изработени од природно дрво гарантираат трајност и издржливост, но сепак потреба е соодветна грижа и правилно одржување за подот да ја задржи свежината и изгледот подолго. 

Дали знаете како правилно да го одржувате вашиот паркет и како да овозможите долготрајност и свежина на подот?

Во зависност од тоа под колкаво оптоварување е поставен вашиот дрвен под, тој е подложен на природно абење и гребнатини. Знаците од употреба на површината може да се појават и на тврдо дрво и на висококвалитетни површински третмани, па затоа препорачуваме соодветно одржување и редовна нега.

 

✔️ Редовно чистете го подот со правосмукалка и сува крпа

✔️ Секоја влага треба веднаш да се избрише за да се спречи нејзино апсорбирање во дрвото

✔️ За џогирање, користете средство за одржување во зависност од површинскиот третман на вашиот под и добро исцедена крпа

✔️ За масни и тврдокорни дамки користете поконцентрирано средство и потоа пребришете во влажна крпа со чиста вода

✔️ Во зависност од фрекфенцијата на движење, исполирајте го подот барем еднаш годишно

Сепак, во зависност од површинскиот третман со кој е обработен вашиот паркет, негата и одржувањето се разликуваат. Ви претставуваме неколку клучни разлики помеѓу површинските заштитни обработки на трослојните паркети на BOEN, како и совети за тоа како да се грижите за вашиот паркет според неговиот третман. 

Live Natural е природен заштитен третман на површината кој содржи сончогледово, масло од трн или соја и природни восоци. Длабокото продираат во дрвото со што се обезбедуваат одлични заштитни својства и долготрајност.

За џогирање, истурете BOEN Floor Soap и исчистете го подот со исцедена крпа. Откако подот ќе се исуши комплетно, исполирајте го со BOEN Natural Oil. 

Live Pure е нова иновативна технологија. Подовите со оваа површинска обработка имаат многу природен изглед со ултра мат финиш и многу добри заштитни карактеристики. Live Pure го заштитува подот од прашина, нечистотија и течности и го прави изгледот подот мазен, бистар, речиси како необработено дрво.

За редовно чистење со џогер, користете BOEN Cleaner и добро исцедена крпа. За многу тврдокорни дамки третирајте го местото со BOEN Polish Live Pure во тенок слој. 

Live Matt површинскиот слој со многу ниско ниво на сјај прави површината да изгледа „како подмачкана“. Дава природен изглед во комбинација со предностите на финишот отпорен на гребење.

За редовно чистење со џогер, користете BOEN Cleaner и добро исцедена крпа. За многу тврдокорни дамки потребно е темелно чистење со BOEN Remover и полирање со BOEN Polish Matt. 

Сите површински третмани на BOEN се еколишки и исклучително безбедни. Ниту лакот ниту маслото не испуштаат гасови кои се штетни за луѓето или за животната средина. 

Во нашите салони ќе пронајдете палета на квалитетни производи за одржување на вашиот паркет погодни за секој тип на завршна обработка. 

Leave a comment

Go to Top